Connect with us

Тенис

Мастерс турнир на нова локација

Официјално е потврдено дека во Саудиска Арабија ќе се одржува Мастерс турнир. Од 2028 година покрај турнирите во Индијан Велс, Мајами, Монте Карло, Мадрид, Рим, Торонто/Монтреал, Синсинати, Шангај и Париз најдобрите тенисери и тенисерки ќе играат на 10-ти турнир од серијата 1000.

Саудиска Арабија покажа вистинска посветеност на тенисот, не само на врвно ниво туку и за развојот на спортот на сите нивоа, изјави Андреа Гауденци, претседател на АТП.

Саудиска Арабија е организатор на ВТА финалето и АТП Next gen турнирот, а ова е само уште еден чекор кон популаризација на овој спорт во државата. Уште не е познато во кој термин од календарот ќе биде вметнат овој турнир, како ни каде би се одржувал.