Connect with us

Регион

Анкета: Шест од десет Грци негативно ја оценуваат грчката Влада

Грчката Влада, за шест од десет Грци добива негативна (46,6 проценти) или веројатно негативна (17,1 отсто) севкупна оцена за нејзината работа, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „Марк“ за телевизијата „Антена“, јави дописничката на МИА од Атина.

Борбата со поскапувањата, според анкетираните (67,7 отсто) е главната тема на која треба да се фокусира Владата, а потоа следи здравството.

На политичката сцена, Нова демократија е прва со 26,5 проценти, ПАСОК е втора со 11,1 отсто, левичарската Курс на слобода е на третата позиција со 8,6 проценти, а потоа следат Грчко решение, Комунистичката партија и СИРИЗА.

На прашањето кого преферираат за премиер меѓу понудени тројца политичари: актуелниот грчки премиер Кирјакос Мицотакис, поранешниот премиер Алексис Ципрас и лидерот на ПАСОК Никос Андрулакис, прв е Мицотакис со 33,9 проценти, втор е Ципрас со 24,3 отсто, а трет е Андрулакис со 11,3 проценти.

Истражувањето на агенцијата „Марк“ за телевизијата „Антена“ било спроведено од 13 до 17 октомври со анкетирани 1.107 лица.