Connect with us

Фудбал

Енрике за ремито со Стразбур: Се мачевме, беше тешко

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, го коментираше ремито 3:3 синоќа на домашен терен со Стразбур во 8. коло од Лига 1.

– Добро го започнавме натпреварот, покажавме доминација, но крајот на првото полувреме беше најлош – се мачевме, беше тешко. Во второто полувреме го зголемивме интензитетот и успеавме да се вратиме. Штета што испуштивме бодови – нашите навивачи беа неверојатни и заслужуваат повеќе. Но, тоа е, изјави Енрике за „Л’Екип“.

ПСЖ има 17 бода и е на чело на табелата во француското првенство, додека Стразбур е втор со 16 бода.