Connect with us

Останати спортови

Македонските одбојкари ќе играат во Софија на Европското првенство 2026

Градот Софија и арена „Софија“ ќе бидат местото каде македонските одбојкари ќе ги играат натпреварите од Европското првенство 2026. Ова ќе биде локацијата каде ќе се играат натпреварите од групата, како и нок аут фазата (осминафинале и четвртфинале).

Бугарската одбојкарска федерација првично ја имаше пријавено Варна како град-домаќин на ЕП 2026, со сала чии капацитет е три илјади гледачи. По успехот кој машкиот национален тим на Бугарија го имаше на Светското првенство минатиот месец кога играше финале и го освои сребрениот медал, амбициите пораснаа, па беше поднесено барање до Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ) за промена на локацијата, односно арената „Софија“ со капацитет од 12 илјади публика. Во интерес на одбојката, како и нејзина што поголема популаризација, ЦЕВ даде позитивен одговор на ова барање.

Покрај домаќинот Бугарија и македонската репрезентација дел од групата Б сè уште и: Полска, Украина, Португалија и Израел.

Репрезентациите кои ќе настапат на Евроволеј 2026 се во исчекување на распоредот на натпреварите, а ЦЕВ треба да го објави откако ќе ги дефинира термините со четирите домаќини. Почетокот на продажбата на билетите за континенталниот собир е закажан за 7 ноември.