Connect with us

Тенис

Радукану одлучи предвреме да ја заврши сезоната

Победничката на УС Опен во 2021 година и во моментов рангирана на 29. место во светот, Британката Ема Радукану, објави денеска дека нема да настапува на турнири до крајот на годината поради нејзината физичка состојба.

Радукану, која во својот распоред требаше да настапи на турнирите во Токио и Хонг Конг, беше поразена во првото коло во Нингбо, кратко време откако се повлече од турнирот во Вухан поради болки во грбот.

Дваесетидвегодишната Британка одлучи да се врати дома порано за подобро да се подготви за следната сезона.

Откако на 17-годишна возраст го освои својот прв грен слем трофеј во кариерата, Радукану подолг поериод имаше проблеми со формата пред да успее да собере 28 победи оваа година и може да има статус на носителка на Отвореното првенство на Австралија во јануари 2026 година.