Connect with us

Останати спортови

Алкалоид со високи амбиции го очекува Европскиот клупски куп во шах

Македонскиот шаховски првак, Алкалоид и годинава ќе влезе со големи амбиции на Европскиот клупски куп, турнир кој традиционално се одржува кон крајот на сезоната. Популарно наречен шаховска верзија на Лигата на шампионите, ЕКК секоја година ги собира најдобрите шахисти, но не само од Европа.

„Фармацевтите“ имаат повеќедецениска традиција на учество на ЕКК, при што во три наврати беа освојувачи на медали: во 2016 година – шампион на Европа, а во 2017 и во 2024 година вицешампион.

Оваа година турнирот ќе се игра на грчкиот остров Родос. Тоа ќе биде јуилејно 40-то издание на главниот/отворен ЕКК и 29. издание на женскиот ЕКК.

Според објавените состави, оваа година конкуренцијата за највисок пласман на ЕКК е најсилна во последните 10-ина години. Пет тимови се издвојуваат според просечниот рејтинг на играчите од својот тим, притоа со повеќе од 2700 се Бајеганпендик (Турција) и Алкалоид.

За оваа година пријавени се рекорден број на учесници од 101 тим (односно од 20 тимови кај дамите).

Во составот на Алкалоид се: Арјун Еригаиши, Читамбарам Аравинд, Абхиману Пураник, Ји Веи, Јангју Ју , Александар Инѓиќ, Велимир Ивиќ и Тони Лазов.

Вака компонираниот тим на ШК Алкалоид првично имаше највисок рејтинг (2701) според септемвриската листа на ФИДЕ, но во октомври ситуацијата се промени, па сега турскиот клуб Бајеганпендик е во минимална предност со нешто повисок рејтинг (2711).