Connect with us

Останати спортови

Влхова се враќа на скијањето

Словачката скијачка ѕвезда Петра Влхова конечно се враќа на скијањето по повеќемесечна рехабилитација и две операции на коленото, јавија денеска локалните медиуми.

Олимписката шампионка во слалом од 2022 година ќе ги одржи своите први тренинзи на глечерот Стелвио во Италија оваа недела пред стартот на новата олимписка сезона.

Влхова последен пат се натпреваруваше пред 20 месеци, кога се повреди во нејзиниот роден град Јасна, а сега тренира под водство на новиот главен тренер Матеј Гемза, потврди нејзиниот тимски менаџер Ричард Галович.

„Ова е пресвртница, резултат на долг и решителен напор. Потребно беше неверојатно многу време, а Петра беше во слична ситуација пред една година, кога мислевме дека е подготвена да се врати во елитните трки. Но, пред повеќе од шест месеци, таа мораше да има уште една операција. Тоа беше единствениот начин безбедно да се помине низ тренинг оптоварувањето“, изјави Галович.