Политика
Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер

Венко Филипче да каже дали Зоран Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија? Венко Филипче да не молчи и да одговори што содржел стикот со прислушкувани материјали кои неговиот ментор Зоран Заев го дал на поранешен премиер на Бугарија, која сега ја злоупотребува својата положба во ЕУ и не блокира, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ од прес-конференцијата на Петрушевски, кое МИА го пренесува интегрално.
Венко Филипче и СДС да кажат дали и зошто Зоран Заев понудил шема за купување на две големи фирми во Македонија од страна на фирми од Бугарија блиски до тој поранешен премиер? И дали една од тие фирми е една голема телевизија, преку која требало да се врши бугарска пропаганда во Македонија?
Дали ова е дарот кој Заев го дал во замена за поддршка од Бугарија за СДС сега и во иднини? Логистички, финансиски и во секоја смисла?
Дали тој поранешен премиер на Бугарија со кој Заев е во контакт стои зад кампањата на СДС?
Венко Филипче е алатка во планот на Заев. Неговата таканаречена резолуција е само продолжеток на планот на Зоран Заев за потчинување на државата во однос на Бугарија.
И Венко Филипче и Зоран Заев се фатени на дело. Се е јавно и јасно. Планот нема да им успее, народот ќе го казни на избори.
октомври 7, 2025