Connect with us

Фудбал

СП 2026: Чави ги издвои Шпанија и Аргентина како фаворити за титулата

Легендарниот фудбалер на Барселона и поранешен шпански репрезентативец Чави Ернандез ги истакна Аргентина и Шпанија како главни фаворити за освојување на титулата на Мундијалот идната година.

„Шпанија веќе докажа дека може и знае како да се натпреварува за титули. За мене, Шпанија, заедно со Аргентина, се главни кандидати за титулата на Светското првенство“, изјави Чави за весникот „Марка“.

Аргентина е актуелен светски шампион, додека Шпанија е актуелен европски првак.

Светското првенство ќе се одржи во САД, Канада и Мексико од 11 јуни до 19 јули идната година со учество ба рекорден број од 48 репрезентации