Тенис
Носкова избори финале во Пекинг

Чешката тенисерка Линда Носкова се пласираше во финалето на турнирот во Пекинг, откако попладнево ја совлада во второто полуфинале седмата тенисерка во светот, Американката Џесика Пегула, со 6:3, 1:6, 7:6.
Полуфиналната пресметка траеше два часа и 29 минути.
Носкова, 27-та тенисерка во светот, во финалето за титулата во Пекинг ќе игра против Американката Аманда Анисимова.
Четвртата тенисерка во светот претходно денеска ја совлада својата сонародничка Коко Гоф.
октомври 5, 2025