Connect with us

Тенис

Анисимова прва финалистка на турнирот во Пекинг

Американката Аманда Анисимова се пласираше во финалето на турнирот од серијата 1000 во Пекинг, совладувајќи ја во денешното полуфинале сонародничката Коко Гоф со 6-1, 6-2 за помалку од еден час игра.
Анисимова, која играше во финалињата на Вимблдон и УС Опен оваа сезона, ќе игра во своето прво финале во Пекинг.
Нејзина противничка во дуелот за титулата ќе биде поуспешната од второто полуфинале меѓу 20-годишната Линда Носкова и 31-годишната Џесика Пегула.
Носкова дојде до осминафиналето на Вимблдон ова лето и до финалето на турнирот ВТА 250 во Прага претходно оваа сезона. Пегула, пак, освои две титули сезонава, во Чарлстон и Хамбург, а беше и полуфиналистка на УС Опен