Фудбал
Томас Милер ја освои 36. титула и го постигна 300. гол

Поранешниот германски репрезентативец Томас Милер изминатата вечер стана најуспешниот фудбалер во историјата на неговата земја, откако го предводеше Ванкувер до четвртата последователна титула на Купот на Канада, постигнувајќи, притоа, и еден гол.
Ванкувер триумфираше над градскиот ривал Ванкувер со 4-2, а Милер додаде и асистенција. Милер, кој со Германија ја освои на светската титула во 2014 година, на тој начин стигна до 36. титула во својата кариера и го постигна својот 300. професионален гол.
Милер неодамна се опиша себеси во изјава за „Спорт Билд“ како „најуспешниот освојувач на титули во Германија“, но, притоа ја дообјасни својата изјава:
„Прашањето е секогаш како овие титули се валидни. Некои луѓе го освојуваат националното првенство почесто, додека други имаат повеќе победи во Лигата на шампиони“, објасни 36-годишниот Милер.
„Статистиката е прекрасна работа, ништо повеќе, ништо помалку“, додаде поранешниот играч на Баерн Минхен.
октомври 3, 2025