Фудбал
Политано останува во Наполи до 2028

Фудбалерот на Наполи, Матео Политано, го продолжи договорот до 30 јуни 2028 година, објави денеска актуелниот италијански првак.
Политано во 2020 година дојде на позајмица од Интер во Наполи, кој потоа го откупи неговиот договор.
Политано на 238 натпревари во дресот на клубот од Неапол досега постигна 34 голови и додаде 35 асистенции, а освои две шампионски титули во Серија А и Купот на Италија.
За италијанската репрезентација Политано одигра 16 натпревари од дебито во 2018 година, постигнувајќи четири голови
септември 25, 2025