Свет
Индиското военовоздухопловство ќе се модернизира со авиони од домашно производство

Индиското Министерство за одбрана потпиша договор за купување на 97 авиони ловци „Теџас“ од државната компанија „Хиндустан аеронаутикас лимитед“ (Hindustan Aeronautics Limited).
Договорот предвидува купување на 68 едноседни и 29 двоседни авиони во вредност од седум милијарди долари.
Испораката на овие авиони ќе почне во 2027-2028 година и се очекува да трае шест години, соопшти Министерството за одбрана.
Индија во април потпиша договор од повеќе милијарди евра за купување 26 нови борбени авиони „Рафал“ произведени од француската компанија „Дасолт Авиејшн“.
Во индиската воздухопловна база во Чандигар утре ќе се одржи церемонија, со која ќе биде одбележан последниот лет на МиГ-21 од советската ера, кој е во употреба од 60-тите година на минатиот век.
септември 25, 2025