Фудбал
ЛШ: Властите во Неапол воведоа забрана за навивачи на Ајнтрахт

Градоначалникот на Неапол, Микеле Ди Бари, ја забрани продажбата на билети за навивачите на Ајнтрахт Франкфурт за натпреварот во ноември од Лигата на шампиони против Наполи од безбедносни причини.
Како што објави денеска весникот „Република“, забраната е наредена врз основа на препорака на полициската Управа во Неапол и во согласност со одлуките на покраинскиот Комитет за јавен ред и безбедност.
Според одлуката, навивачите на Ајнтрахт нема да можат да купат билет за ниту еден сектор на стадионот во Неапол за натпреварот на 4 ноември.
Меѓу навивачите на двата клуба во 2023 година, во пресрет на реваншот во нокаут фазата од Лигата на шампионите, избувнаа масовни тепачки на улиците на Неапол.
Насилството избувна откако група од 470 на Ајнтрахт, на кои им беше забранет влез на стадионот, се собраа во центарот на градот.
Потоа полицијата уапси петмина навивачи на Наполи и тројца навивачи на Ајнтрахт. Двајца полицајци беа повредени во немирите, неколку автомобили беа запалени, а на девет германски навивачи им беше укажана медицинска помош, некои од нив поради убодни рани.