Фудбал
ЕСПН: Интер Мајами блиску до потпишување на нов договор со Меси

Интер Мајами преговара за нов долгорочен договор со напаѓачот Лионел Меси, објави „ESPN“.
Според американскиот медиум, остануваат да се разјаснат неколку детали. Се очекува договорот со 38-годишниот Аргентинец наскоро да биде потпишан, а потоа да биде испратен до МЛС за одобрување.
Меси е во Интер Мајами од јули 2023 година. Неговиот тековен договор важи до 31 декември 2025 година.
Во сезоната 2025 година, Меси постигна 23 гола и имаше 11 асистенции во 29 натпревари во сите натпреварувања.
„Трансфермаркт“ ја проценува на Аргентинецот на 18 милиони евра.
септември 19, 2025