Фудбал
Гави би можел да отсуствува околу два месеца

Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Гави, би можел да отсуствува до шест недели поради повреда, објави „Марка“.
Дваесет и едногодишниот Шпанец има проблеми со десното колено. Сепак, ова не е истата повреда од пред две години кога имаше руптурата на вкрстените лигаменти.
Фудбалерот ќе биде подложен на конзервативен третман, а следната недела ќе биде подложен на дополнителен медицински преглед за попрецизна процена на неговата состојба.
Гави играше на два натпревара оваа сезона и имаше една асистенција. Потоа го пропушти натпреварот против Рајо Ваљекано и натпреварите на шпанската репрезентација во квалификациите за Светското првенство во 2026 година.
септември 14, 2025