Connect with us

Ракомет

Алкалоид го доби пехарот за триумфот во ЕХФ Европскиот куп

Ракометниот клуб Алкалоид го доби пехарот за триумфот во ЕХФ Европскиот куп за ланската сезона. Македонскиот тим во финалето од ова натпреварување заврши како победник, откако неговиот ривал грчки АЕК не се појави на терен на реваншот во Скопје.

Пехарот вечерва на капитенот на Алкалоид Игор Ѓорѓиев го предаде Божидар Ѓурковиќ претставникот од ЕХФ.

Алкалоид имаше предност и победа од првиот финален дуел, а грчкиот тим во Скопје иако се загреваше одби да го игра натпреварот.

ЕХФ донесе одлука натпреварот да биде регистриран со резултат 10:0, а АЕК заработи и две годишна суспензија.

Алкалоид е третиот македонски ракометен клуб што освоил европски пехар по двете титули европски првак на Вардар и трофејот на ракометарките на Кометал Ѓорче Петров