Connect with us

Економија

Телекомуникациските услуги поскапи за еден процент во вториот квартал на годишно ниво

Во вториот квартал годинава споредено со истиот квартал од минатата година цените на услугите за транспорт и складирање пораснале за 0, 7 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).

Според видови транспорт, цените на копнениот и цевководниот транспорт бележат пораст од 0,7 проценти, додека кај поштенските и курирските услуги остануваат непроменети. Во истиот период, информира ДЗС, цените на услугите во секторот Информации и комуникации бележат пораст од 1 процент во одделот Телекомуникации.