Фудбал
Нкунку официјално во Милан

Францускиот репрезентативец Кристофер Нкунку официјално e потврден цо нов фудбалер на Милан, каде дојде од Челзи, објави денеска италијанскиот клуб.
„Милан со задоволство го објавува потпишувањето на договорот со Кристофер Нкунку од Челзи. Францускиот напаѓач потпиша договор до јуни 2030 година“, соопшти клубот од Милано.
Според италијанскиот печат, Милан ќе плати 37 милиони евра, а сумата може да се зголеми на 42 милиони евра со бонуси за напаѓачот, кој се приклучи на Челзи во 2023 година за 60 милиони евра.
Нкунку постигна 18 голови на своите 62 настапи за Челзи, откако претходно играше за ПСЖ (2015-2019) и Лајпциг (2019-22)
септември 1, 2025