Connect with us

Регион

Избрана нова Влада на Република Српска

Пратениците на владејачкото мнозинство на посебна седница на Народното собрание на Република Српска избраа нова Влада предводена од Саво Маниќ од Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД).

На гласањето присуствуваа 51 пратеник од вкупно 83 пратеници, а за новата Влада гласаа 49, додека опозицијата не гласаше.

Во новата Влада на РС има пет нови министри.

Вчера пратениците на Народното собрание на РС ја прифатија оставката на Миниќ од функцијата премиер на РС, со што „падна“ целата Влада на РС, а потоа се одржа нова вонредна седница на која беше избрана нова ентитетска влада.

Маниќ на 15 јануари поднесе оставка од функцијата премиер на РС, а истиот ден вршителката на должноста претседател на РС, Ана Тришиќ Бабиќ, повторно го предложила за мандатар за состав на новата ентитетска влада.

Тоа се случи пред седницата на Уставниот суд на Босна и Херцеговина, закажана за 22 јануари, на која треба да се одлучи по жалбата на група бошњачки пратеници во Парламентот на БиХ, кои тврдат дека изборот на Миниќ за мандатар не бил законски, бидејќи тој бил номиниран од страна на лидерот на СНСД, Милорад Додик, на кого претходно му беше одземен мандатот на претседател на РС од страна на Централната изборна комисија на БиХ (ЦИК), врз основа на пресудата на Судот на БиХ, со која беше осуден на една година затвор и шестгодишна забрана за вршење јавна функција.

Според Уставот на РС, само претседателот на РС може да назначи претставник за составот на Владата на РС.

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 4