Connect with us

Хроника

Во Неготино приведени две лица кои возеле под дејство на алкохол

Двајца возачи биле приведени доцна синоќа и рано изутрина зашто возеле под дејство на алкохол во Неготино. Од Секторот за внатрешни работи – Велес денеска информираа дека во 23 часот полициски службеници од ОВР – Неготино го лишиле од слобода М.С. (63), додека во 2:35 часот го лишиле од слобода Б.В. (41) од село Пепелиште. 

-При сообраќајна контрола на крстосница од улиците „Христо Ботев“ и „Ацо Аџи Илов“ во Неготино, било сопрено патничко возило „ауди“ со неготински регистарски ознаки, што го управувал М.С. и по преземени мерки било констатирано дека бил под дејство на алкохол, односно измерени му биле 2,15 промили алкохол во крвта. При сообраќајна контрола на булевар „Маршал Тито“ во Неготино, пак, било сопрено патничко возило „форд“ со неготински регистарски ознаки, што го управувал Б.В. и по преземени мерки било констатирано дека бил под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,87 промили алкохол во крвта, соопшти СВР – Велес.

Двете лица биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител.

По целосно документирање на случаите, како што наведува СВР – Велес, против нив ќе бидат поднесени пријави.

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 3