Живот
Гордон Вегнер заминува од Мерцедес по 28 години
Мерцедес-Бенц се подготвува за голема промена, откако долгогодишниот шеф на дизајн, Горден Вегнер, се подготвува да ја напушти компанијата. По 28 години поминати во брендот, Вегнер ќе се повлече на 31 јануари 2026 година, со што се затвора едно важно поглавје во историјата на дизајнот на Мерцедес.
Вегнер му се приклучи на Мерцедес во 1997 година и многу брзо остави силен печат. Еден од неговите први и најпознати проекти беше Мерцедес СЛР Мекларен, создаден заедно со Гордон Мари, легендарниот дизајнер зад Мекларен Ф1. СЛР влезе во сериско производство во 2003 година 5.4-литарски V8 со компресор.
Во 2008 година тој стана шеф на дизајн, одговорен за изгледот на клучни модели како првата генерација Мерцедес АМГ ГТ, С класа W222 и А класа W176. Во 2016 година Мерцедес создаде нова функција, главен директор за дизајн, специјално за него, позиција која ја извршуваше до денес.
Во текот на годините, Вегнер го обликуваше изгледот на многу од најважните модерни модели на брендот. Тука спаѓаат R232 СЛ, модерната верзија на Г класа и целата EQ линија на електрични возила. Иако не секој дизајн беше прифатен од сите, неговата подготвеност да презема ризици стана препознатлив дел од неговата работа.
Меѓу неговите најнови проекти се новиот ЦЛА, електричниот ГЛЦ и концептот Вижн Ајконик, кој најавува нов дизајнерски правец за Мерцедес.
Вегнер привлече внимание и со своите искрени коментари за ентериерите на конкурентите, критикувајќи дизајни на Ауди и БМВ, додека во исто време го истакнуваше Мерцедес Хајперскрин, огромниот дисплеј што се протега низ целата инструмент табла и инфозабавниот систем.
Претседателот на управниот одбор на Мерцедес-Бенц групација, Ола Келениус, изјави дека креативноста на Вегнер и неговото чувство за иднината на автомобилскиот дизајн оставиле трајна вредност за брендот. Вегнер, кој има 57 години, ја напушта компанијата на сопствено барање, означувајќи крај на една ера за дизајнот на Мерцедес.
декември 19, 2025


