Connect with us

Останати спортови

Крафорд се пензионираше без пораз во рингот

Неприкосновениот светски шампион во супер средна категорија и непоразен боксер со 42 победи, од кои 31 со нокаут, Теренс Крафорд, го објави денеска своето пензионирање, три месеци откако во рингот го победи Мексиканецот Саул „Канело“ Алварез.
„Се повлекувам од натпреварувањето, не затоа што престанав да се борам, туку затоа што победив во поинаков вид борба, онаа од која се повлекуваш под свои услови“, рече 38-годишниот боксер во видео објавено на своите социјални мрежи.
Во пораката, американскиот боксер образложи дека неговата кариера била водена од желбата да „им докаже на сите дека грешат“.
„Се борев за моето семејство. Се борев за мојот град. Се борев за детето кое бев, истото тоа кое немаше ништо освен сон и пар ракавици. И го направив тоа на мој начин. Дадов сè што имав во овој спорт“, порача Крафорд.
Станувајќи професионалец во 2008 година, Крафорд се закити со својата прва светска титула шест години подоцна, освојувајќи го појасот во лесна категорија во верзијата WBO со победа над Шкотланѓанецот Рики Бернс во Глазгов.
Минатиот септември во Лас Вегас, Крафорд ја симна од тронот мексиканската боксерска ѕвезда Канело Алварез, станувајќи апсолутен шампион (WBA-WBC-WBO-IBF) во суперсредна категорија.
Крафорд со тоа испиша историја во професионалниот бокс, како единствен шампион
во три различни категории по тежина – суперсредна, велтер и суперлесна – откако се појавија четирите светски боксерски федерации

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 1