Connect with us

Регион

Бериша најави национални протести до соборување на актуелната и формирање техничка влада

Лидерот на албанската опозициска Демократска партија, Сали Бериша, најави одржување национални протести, до соборување на актуелната влада и формирање техничка влада.

Тој додаде дека единствениот пат за опозицијата во соочувањето со социјалистичкото мнозинство се само протестите и нагласи дека првиот национален протест ќе се одржи на 22 декември.

-Имаме само еден пат, а тоа е патот на протестите. Граѓаните мора да зборуваат со својот протест. Мора да започнеме протести, мора да организираме протести. Мора да ги започнеме што е можно поскоро, ги започнавме оние што се пред кабинетот на премиерот, но на 22 декември почнуваме со национални протести, рече тој.

Според него, оние Албанци што ќе дојдат, благословени се, а оние што нема да дојдат, ќе дојдат подоцна.

-Но, ние никогаш нема да станеме пречка, напротив, ќе поттикнуваме протести до последниот ден, за да се создаде техничка влада во оваа земја, за конечно да имаме слободни избори, рече Бериша. 

Тој ги повтори обвинувањата на адреса на премиерот Еди Рама за корупција, депопулација на населението, при тоа нарекувајќи го владеењето на социјалистите „нарко режим“.

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 1