Ракомет
Промена на распоредот на натпреварите на ракометарите на Вардар во Лига Европа
Македонскиот ракометен претставник во ЕХФ Лига Европа Вардар има нов распоред на натпревари за следната фаза. „Црвено-црните“ се во група заедно со бундеслигашот Мелсунген, португалска Бенфика и Кристијанштад (со кого веќе одиграа два натпревара – победа и пораз).
Од причина што има четири екипи од Германија да нема поклопување на термините ЕХФ направи промена во распоредот. Вардар стартува со гостување кај Бенфика, потоа се двата натпревара на домашен терен со Мелсунген и Бенфика и на крајот е гостувањето кај Мелсунген.
Натпреварите ќе се играат од 17.февруари до 10.март, а терминот е ист 20:45 часот.
На табелата Мелсунген е прв со 4 бодови, Вардар и Кристијанштад имаат по 2, а Бенфика е без бод.
декември 13, 2025


