Фудбал
Премиерното светско клупско првенство за фудбалерки во Лондон
Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) објави денеска дека Лондон ќе биде домаќин на првото издание на Интерконтиненталниот куп на шампиони за жени.
Турнирот ќе се игра од 28 јануари до 1 февруари 2026 година.
Полуфиналните натпревари ќе се играат на стадионот на Брентфорд, додека финалето и дуелот за третото место ќе се играат на стадионот на Арсенал.
Засега се познати три екипи на Интерконтиненталниот куп на шампиони: Арсенал, како европски шампион, американски Готам од Северна и Централна Америка и Карибите, како и бразилски Коринтијанс, како јужноамерикански првак.
Четвртиот учесник ќе биде познат на 14 декември, кога азискиот шампион, кинески Вухан во Мароко ќе игра против шампионот на Африка, АС Фар. Победникот од овој дуел ќе игра против Арсенал, додека во второто полуфинале ќе играат Коринтијанс и Готам.
декември 13, 2025


