Connect with us

Ракомет

Шампионот Пелистер во дербито го совлада лидерот Вардар

Ракометарите на првакот Еурофарм Пелистер во дуелот од 16.коло од Супер лигата му го нанесоа првиот пораз на лидерот на табелата Вардар со 28:23 (15:13). По денешната победа Е.Пелистер ја намали бодовната разлика во однос на Вардар на два бода.

Почетокот на дуелот беше во знакот на „црвено-црните“, кои предводени од голманот Милош Валах имаа предност и водство од 7:4. Но, битолчани успеаја да изедначат на 10:10, а во тие моменти на голот на домашниот тим застана Саид Хеидаридад (заврши со 12 одбрани) и првакот на полувреме стигна до предност од 15:13.

На стартот од вториот дел „зелените“ ја одржуваа предноста, а во 45.минута стигнаа до предност од 21:15. Вардар успеа да намали, но и да донесе неизвесност во натпреварот.

Најефикасен на дуелот беше Богдан Радивојевиќ со 9 голови (без промашување). Кај Вардар најпрецизни беа Урош Митровиќ и Дмитро Хориха со по 5 голови.

На чело на табелата е Вардар со 30 бодови, пред Е.Пелистер со 28, Охрид и Алкалоид имаат по 23. Двете екипи своите дуели од 16.коло ги играат вечерва. 

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 3