Connect with us

Тенис

Мерцедес-Бенц ќе стане премиум спонзор на ВТА од 2026 година

Мерцедес-Бенц ќе стане главен спонзор на ВТА од 2026 година. Двете страни се блиску до склучување повеќегодишен договор, објави „Хард Корт“.

Германскиот производител на автомобили е во завршна фаза од преговорите за да стане главен спонзор на турнејата, позиција што ја држи Хологик од 2022 година. Медицинскиот бренд повеќе нема да биде главен спонзор. Почнувајќи од 2026 година, „WTA“ ќе премине на нов комерцијален модел во кој улогата на генерален спонзор.

Според условите на договорот што треба да се склучи, Мерцедес-Бенц ќе добие речиси целосна ексклузивност во автомобилскиот сегмент на WTA турнирите, иако името на турнејата формално нема да се промени.

Финансиските услови сè уште не се објавени, но се знае дека договорот е еден од најголемите во историјата на женските спортови. Мерцедес, исто така, планира да соработува со тенисерките , оваа недела, Коко Гоф објави партнерство со компанијата.

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 4