Connect with us

Останати спортови

Превц нов лидер со втор триумф во Висла

Словенецот Домен Превц триумфираше денеска на скокалницата во полска Висла, комплетирајќи го својот совршен викенд во Светскиот куп во скијачки скокови, откако беше најдобар и во саботата.

Превц дојде во втората едноподруго победа во Висла со скокови од 137,0 и 132,0 метри, што му донесе 282,3 поени.

Само 0,9 поени зад Превц со скокови од 130,5 и 129,5 метри второто место го освои Јапонецот Рјоју Кобајаши, додека Германецот Филип Рајмунд го освои третото место со 276,8 поени (131,5 и 129,0 м).

Превц со денешната победа го презеде и водството во генералниот пласман во Светскиот куп со 470 бодови, 32 повеќе од неговиот второпласиран сонародник Анже Ланишек и 64 повеќе од третопласираниот Кобајаши.

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 3