Connect with us

Регион

Бугарија: Евакуирани тројца членови на екипажот од танкерот во близина на Ахтопол

Три лица се евакуирани од танкерот закотвен во близина на Ахтопол, соопштија вечерва на брифинг командантот на Воено-поморските сили на Бугарија, контраадмирал Кирил Михајлов и Румен Николов, раководител на Главната дирекција „Активности за итно спасување“ при Извршната агенција „Поморска администрација“ (ИАМА).

– Бродот е стабилно закотвен и не претставува закана за бугарското крајбрежје, истакна Николов, јави БТА. Тој појасни дека денеска била спроведена операција за снабдување на луѓето кои останале на бродот со храна, вода и комуникациски средства.

Било утврдено дека тројца од членовите на екипажот се во влошена здравствена состојба, што наложило нивна евакуација. Николов потенцираше дека сите активности се извршени во одлична координација со Воено-поморските сили.

Со хеликоптер „Пантер“ од авиобазата „Чајка“ биле извршени испораките на бродот, а на ист начин биле евакуирани и тројцата членови на екипажот до брегот. Тие се предадени на Граничната полиција за утврдување на идентитетот и им е обезбеден лекарски преглед.

Николов нагласи дека не станува збор за бегалци и појасни дека нивниот престој во Бугарија би требало да биде покриен од сопственикот на танкерот. Најверојатно ќе бидат сместени во хотел.

Останатите седум лица на пловилото се обезбедени со храна, вода и дизел-генератор за напојување, додаде Николов. Тој најави дека според планот, утре наутро ќе бидат евакуирани уште четири лица по истата шема. По налог на сопственикот, на бродот ќе останат тројца луѓе да ги извршуваат неговите упатства.

Контраадмирал Михајлов додаде дека операцијата била исклучително сложена поради тешките метеоролошки услови и континуираното движење на бродот. Поради овие причини, и испораката на продуктите и евакуацијата се извршени од хеликоптерот преку висење.

– Се наложи еден од нашите спасители да биде спуштен на палубата на бродот за да раководи и да дејствува заедно со екипажот, посочи контраадмиралот.

За утре е предвидена и средба со амбасадорот на Република Турција за да се расчистат сите околности околу напуштањето на танкерот во бугарските територијални води.

Румен Николов истакна дека сопственик е кинеска компанија и има намера да ја задржи сопственоста над бродот. Тој додаде дека нема индиции за ризик од истекување на гориво, бродот е на доволна длабочина и нема пробиви. 

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 2