Connect with us

Регион

Вучиќ следната недела на средба со Фон дер Лајен и Кошта во Брисел

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта в среда вечер во Брисел ќе се сретнат со српскиот претседател Александар Вучиќ, соопшти денеска главната портпаролка на ЕК, Паула Пињо.

Во најавата Пињо не даде детали за средбата, што ќе се одржи еден недела пред Самитот ЕУ-Западен Балкан, предвиден за 17 декември во Брисел.

Првично беше најавено дека Вучиќ ќе го посети Брисел минатиот месец, со цел „да положи сметка“ за напредокот на Србија на европскиот пат, но таква посета не се реализира во текот на ноември.

Се очекува на разговорите на Фон дер Лајен и Кошта со Вучиќ следната среда да стане збор за имплементацијата на реформите што Србија се согласи да ги спроведе со Нон-пејперот од декември минатата година, како услов за отворање нови поглавја во преговарачкиот процес, за измените на изборното законодавство, за усогласувањето со заедничката и безбедносната политика на ЕУ, но и за актуелните случувања во земјата.

Во Резолуцијата за состојбите во Србија, што во октомври ја усвои Европскиот парламент, беа осудени „политичката поларизација и државната репресија“, а во Извештајот на ЕК за земјата за 2025 година беа констатирани назадувања во областите на демократијата, основните права и слободата на медиумите.

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 1