Connect with us

Регион

Од 1 јануари ЕУ ќе ги поддржи албанските општини со фонд од 11 милиони евра

Во Тирана се одржа вториот заеднички консултативен комитет, помеѓу Европскиот комитет на регионите и Албанија.

Делегацијата на Европската Унија во Тирана, во соопштение на социјалните мрежи, нагласува дека оваа сесија претставува важен чекор кон зајакнување на вклученоста на локалните заедници во процесот на интеграција во ЕУ.

Според ЕУ, дискусиите се фокусирале на улогата и потребите на општините во процесот на пристапување, како и на поддршката што ЕУ ја нуди преку Планот за раст и други програми за поттикнување на локалниот развој и промовирање на локалната демократија.

„Албанските општини сè уште се соочуваат со големи предизвици и земјата мора да ги вложи сите потребни напори за да создаде поволна средина за нив да придонесат во процесот на пристапување во ЕУ, да се подготват да имаат корист што е можно повеќе од можностите и фондовите на ЕУ и на крајот подобро да им служат на граѓаните, семејствата и заедниците каде и да живеат, стои во објавата на која се повикуваат медиумите.

Се посочува дека ЕУ ќе продолжи да ги поддржува албанските општини преку новата програма EU4Municipalities, вредна 11 милиони евра, почнувајќи од 1 јануари. 

„Сакаме да ги зајакнеме локалните капацитети, инвестициите, локалната демократија и инклузивното учество на граѓаните“, изјавил меѓу другото во своето обраќање Силвио Гонзато, амбасадор на ЕУ во Албанија.

На состанокот присуствувале и градоначалниците на најголемите општини во земјата, вклучувајќи ја и градоначалничката на Драч, Емријана Сако.

Сако оценила дека на овој настан бил презентиран проектот „ЕУ за општините“, додека дискусиите се фокусирале на теми како што се Општините и интеграцијата во ЕУ, Планот за раст и фондовите на ЕУ како можност за локален развој, важноста на фискалната децентрализација и финансиската одржливост за локалната демократија.

Беше дискутирано и за улогата на локалните самоуправи во процесот на интеграција на Албанија во ЕУ. Во мојот говор, нагласив дека поддршката од ЕУ треба да стане поопиплива за нашите граѓани, за да можат да почнат да ги доживуваат европските стандарди на услуги денес, бидејќи нашата земја е во преговори за членство“, нагласила Сако.

На оваа активност присуствуваа државниот министер за локална самоуправа, Ервин Демо, регионалниот советник на Тоскана, Антонио Мацео, извршната директорка на Националното здружение на општини, Аделина Фаричи, претставници на ЕУ, како и локални и странски експерти.

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 2