Connect with us

Ракомет

Гарабаја пред дуелот со Загреб: Имаат голема мотивација со нов тренер

Ракометарите на битолски Еурофарм Пелистер, предводени од тренерот Рубен Гарабаја, отпатуваа за Загреб, каде утревечер (18:45 часот) против тимот од хрватската престолнина ќе го одигра последниот натпревар оваа година во Лигата на шампиони.

Стратегот на Еурофарм Пелистер истакна дека неговите ракометари ги очекува дуел со мотивиран противник кој на клупата има нов тренер во Андрија Николиќ.

„Имаат голема мотивација откако добија нов тренер. Одиграа одлично во Сегед, цврст тим се, не се откажуваат никогаш. Ќе биде тежок меч, и тие се надеваат на победа против нас. Имаме тежок распоред сега, за разлика од некои полесни мечеви минатиот период. Времето е кратко, но се подготвуваме најдобро што можеме. Следуваат важни натпревари и сакаме да се претставиме во посакуваното светло. Играме и во првенството и во Лигата на шампионите, но не смееме да се жалиме. Ќе имаме кратка пауза пред дуелот со Загреб, го знаеме тоа. Сепак, ќе одиме да одиграме квалитетно и се надеваме на победа“, посочи Гарабаја.

Со две победи, Еурофарм Пелистер е на претпоследното место на табелата по 11 коло, додека Загреб е последнопласиран без освоен бод.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 4