Останати спортови
Најдобрата скијачка ја заврши сезонава
Една од најдобрите светски скијачки Лара Гут Бехрами од Швајцарија ја заврши сезонава откако доживеа тешка повреда. Таа на тренинг трка во супервелеслалом во Купер Маунтајн во Колорадо. Таа најави дека ова ќе и биде последна сезона во кариерата, а првиот настап сезонава требаше да го има на 29.ноември (сабота).
Гут Бехрами заработи оштетување на менискусот и кинење на лигаментите на коленото. Се вбројува во најдобрите во женското скијање со 48 победи во Светскиот куп во три дисциплини (супервелеслалом, спуст и велеслалом). Во два наврати беше победничка на Светскиот куп (2016 и 2024 година), а има и седум мали кристални глобуси.
Лара Гут Бехрами освои и златен медал на Зимските Олимписки игри од Пекинг 2022 година во супервелеслалом.
ноември 28, 2025

