Connect with us

Сцена

„С.А.Р.С.“ в сабота во Скопје

рпскиот бенд „С.А.Р.С.“ најави концерт во „Јавна соба“, во сабота – 22 ноември. А, Скопје, велат, има посебно место во нивната музичка приказна.

„Можеби еден од најпрепознатливите регионални бендови на урбаната музичка сцена, ‘С.А.Р.С.’ (Свежо ампутираната рака на Сатријани), ќе настапи во сабота, 22. ноември во ‘Public Room’ во Скопје. Со повеќе од петнаесет години активна кариера, голем број хитови како ‘Лутка’, ‘Перспектива’, ‘Буѓав лебац’, ‘Ти, ти, ти’, ‘То раде’ и ‘Ракија’, како и публика што ги следи низ целиот регион, ‘С.А.Р.С.’ остануваат бенд којшто на сцената спојува емоција, хумор и социјална критика на препознатлив и автентичен начин“, се вели во соопштението.

Настапот во „Јавна соба“ ќе биде прв на оваа сцена. А, поп-составот потсетува дека токму во македонскиот главен град го одржале еден од своите први концерти надвор од Србија.

„Во неверување гледавме како целата публика ги пее песните со нас од збор до збор. Тогаш сфативме колку брзо нашата музика отпатувала низ целиот регион. Сигурни сме дека ќе направиме луда журка – каква што Скопје ја заслужува“, велат членовите на групата.

Покрај енергичниот сценски настап, бендот останува доследен на својот израз каде што хуморот и друштвената критичност се преплетуваат со топлина и човечност.

„Мораме да го задржиме ведриот дух и покрај тоа што гледаме дека некои работи не се менуваат. Во спротивно, секојдневието ќе ни ја одземе и малата радост што ни останала,“ подвлекуваат.

Билетите се достапни преку „МК тикетс“ (MK Tickets). Во 2026 година бендот ќе го прослави јубилејот – 20 години од основањето, а во план се повеќе нови проекти. Не откриваат повеќе податоци, но велат дека обожавателите наскоро ќе дознаат што се подготвува „во нашата кујна“, како што рекоа членовите. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 1