Connect with us

Здравје

Секојдневното пушење цигари – можна причина за косопаст

Пушењето цигари секојдневно, може да придонесе за опаѓање на косата. Имено, лекарите тврдат дека постојат докази дека пушењето е поврзано со андрогената алопеција, пишува „Њујорк пост“ (New York Post).

Пушењето го намалува протокот на крв, кoeштo e неопходно за здрав раст на косата. Исто така, може да ја оштети и ДНК-та во фоликулите на косата, спречувајќи го растот во иднина. Пушењето може и да ги зголеми нивоата на хормони, особено стероидните хормони како андрогените. Така, еден вид андроген – наречен дихидротестостерон, предизвикува косата да опаѓа побрзо од нормалното со намалување на фоликулите на косата и скратување на циклусот на раст на косата.

Пушењето, се наведува, носи поголема веројатност да предизвика опаѓање на косата кај жените со тоа што предизвикува хормонална нерамнотежа со пониски од нормалните нивоа на естроген. Тоа влијае на растењето на косата.

Иако пушењето може да обезбеди краткорочно олеснување од стрес, може да ги зголеми и знаците на стареење, вклучително и на скалпот. Значи, редовното пушење цигари може да ја побели косата предвреме.

Освен што предизвикува опаѓање на косата и предвремено побелување, пушењето може да биде причинител и на многу други здравствени проблеми, како што се рак на белите дробови, срцеви заболувања, мозочен удар, дијабетес и хронична опструктивна белодробна болест.  

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 2