Connect with us

Тенис

Синер ја забележа 29 последователна победа во сала

Италијанскиот тенисер Јаник Синер со совлада попладнево Американецот Бен Шелтон со 6-3, 7-6 (3) и трета година по ред го заврши натпреварувањето во групната фаза на АТП финалето во Торино со максимални три победи.

За Синер ова беше осма последователна победа во дуели со 23-годишниот Американец (8-1), од кого беше поразен само во првиот натпревар одигран во 2023 година во Виена. Оттогаш, Шелтон не освои ниту сет против најдобриот италијански тенисер на сите времиња.

Во исто време, Синер со денешниот триумф ја забележа својата 29 победа во низа на турнири во сала. Последниот кој успеа да го победи 24-годишниот Италијанец во сала беше Србинот Новак Ѓоковиќ, во дуел за трофејот на АТП финалето во 2023 година.

Противник на Синер во утрешното полуфинале ќе биде Австралиецот Алекс де Минаур, додека во второто полуфинале ќе играат Шпанецот Карлос Алкараз со победникот од дуелот меѓу Германецот Александар Зверев и Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 2