Connect with us

Фудбал

Нова повреда во Барселона

Нов проблем за тренерот на Барселона Ханси Флик, откако уште еден играч се најде на листата на повредени пред утрешниот дуел од Ла Лига со Селта. На денешниот претпладневен тренинг Флик доживеа ново изненадување. Иако го почна тренингот по само неколку минути мораше да го напушти францускиот репрезентативец Жул Кунде.

Францускиот репрезентативец се повреди во средата на дуелот од Лигата на шампионите, но прогнозите беа дека ќе биде „фит“ за недела.

Проблемот за Флик е голем од причина што Кунде е единствениот вистински избор за позицијата десен бек.

Барселона во средата одигра нерешено 3:3 со Бриж во Лигата на шампионите, додека нивниот противник во 12.коло на Ла Лига Селта славеше убедлива победа во Загреб против Динамо со 3:0. Ланскиот натпревар на двата тима во Виго заврши 2:2.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 2