Тенис
Ѓоковиќ го откажа настапот на Мастерсот во Торино
По освојувањето на титулата на АТП 250 турнирот во Атина српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го откажа настапот на Мастерсот во Торино. Причина е повреда. На местото на Ѓоковиќ во една од групите ќе биде токму неговиот ривал од вчерашното финале во Атина, Италијанецот Лоренцо Мусети. Турнирот во Торино почнува денеска.
– Се радував на настапот во Торино, но по финалето во Атина мора да истакнам дека поради повреда нема да можам да играм на завршниот турнир во Торино. Жал ми е заради публиката, но се надевам дека ќе има добар тенис. На сите играчи на турнирот им посакувам да играат врвен тенис, изјави Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ заминува на одмор и фокусот му е кон првиот Грен слем турнир во календарската година – Австралија опен во Мелбурн.
ноември 9, 2025

