Ракомет
Дуел на непоразените во ракометната Супер лига
Дербито на последното 11.коло од првиот дел од ракометната Супер лига се игра попладнево, а тоа е воедно пресметка на непоразените во лигата Вардар и Алкалоид.
Избраниците на Иван Чупиќ на официјалните натпревари имаат 10 победи во домашната лига, 2 победи во Лига Европа на ЕХФ, а последниот пораз го претрпеа во Супер купот во Кавадарци од првакот Еурофарм Пелистер.
Екипата на Кирил Лазаров пак по двата пораза од Хановер во квалификациите од Лига Европа имаат и два нерешени резултати во домашното првенство на домашен терен со Охрид и Еурофарм Пелистер.
Во секој случај дуелот на овие два тима кои последните години привлекува внимание е вистинскиот тест за двете екипи во овој дел од сезоната.
Почетокот на натпреварот што се игра во СЦ „Јане Сандански“ е во 18:30 часот.
Покрај овој дуел од 20 часот во Кавадарци играат Тиквеш и Бутел.
ноември 9, 2025

