Фудбал
Во пресрет на 1000.тиот натпревар на Гвардиола му недостасува најголемиот ривал
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола се подготвува за својот 1.000-ти натпревар, а судбината сакаше тоа да биде против Ливерпул. Дуелите на Манчестер Сити и Ливерпул имаа посебна привлечност, поради важноста, ривалството последните сезони, но и ривалитетот меѓу двајцата менаџери Манчестер Сити (Гвардиола) и Ливерпул (Јирген Клоп).
Натпреварите против Ливерпул и Клоп, Гвардиола ги рангира на врвот од својата кариера
Кога би можел да изберам противник за овој јубилеј. Ливерпул со Клоп. Тоа е тимот кој ми беше најголем ривал во оваа лига. Мислам дека меѓусебно се почитувавме, но имам чувство дека ми недостасува Јирген. Беше потребно многу да се работи и размислува како да го победите и да бидете подобри, изјави Гвардиола.
Шпанецот на клупата на „граѓаните“ има неверојатни бројки, откако седна на клупата на Барселона Б во 2007 година своите екипи ги водел на 999 натпревари и има 715 победи (71,5%).
Бројките се неверојатни, а притоа има освоено и 40 трофеи.
Гвардиола во својата кариера беше тренер во Барселона Б (42 натпревара / 28 победи); Барселона (247 / 179); Баерн (161 / 121) и Манчестер Сити (549 / 387).
ноември 8, 2025

