Формула 1
Ф1: Алпин го продолжи договорот со Колапинто
Формула 1 тимот Алпин 1 го продолжи договорот со Аргентинецот Франко Колапинто до крајот на сезоната 2026, објави денеска францускиот тим.
„Франко ќе биде во тандем со Пјер Гасли, кој неодамна се обврза на долгорочна соработка со тимот“, соопшти Алпин.
„Заедно, тие ќе му помогнат на тимот да напредува, носејќи стабилност и континуитет во 2026 година, сезона што носи нови можности и нов почеток во контекст на регулаторната револуција“, се додава во соопштението.
Продолжувањето на договорот е објавено пред пrетстојната трка за Големата награда на Бразил во Сао Паоло, каде што се собраа илјадници фанови и бројни аргентински новинари.
Колапинто, кој донесе бројни спонзори со себе во Алпин, се натпреваруваше во 13 трки за францускиот тим, но сè уште нема освоен бодови. Неговиот најдобар резултат беше 11-то место во Холандија на крајот на август
ноември 8, 2025

