Формула 1
Верстапен: Ќе ми биде потребна среќа да ја одбранам титулата
Актуелниот светски шампион во Формула 1, Холанѓанецот Макс Верстапен, изјави дека за да ја освои петтата последователна титула „веројатно ќе му треба малку среќа“.
Возачот на Ред Бул заостанува 36 бодови зад водечкиот Ландо Норис од Мекларен на четири трки до крајот на сезоната во Формула 1.
„Имавме неколку добри викенди и успеавме да ја намалиме разликата, но со четири трки до крајот, разликата е сè уште доста голема“, рече Верстапен на прес-конференција пред Големата награда на Бразил.
Холанѓанецот заостануваше 104 бодови зад Оскар Пјастри на крајот на август, но потоа забележа три победи, едно второ и едно трето место за да се врати во трката за титулата, сега со 35 бодови помалку од Пјастри и 36 зад Норис, кој го презеде водството во генералниот пласман со победата во Мексико пред две недели.
„Морам да освојувам значително повеќе поени секој викенд, што нема да биде лесно. Мора да ја искористиме секоја можност и да ја завршиме секоја трка беспрекорно“, додаде Верстапен.
ноември 7, 2025

