Connect with us

Тенис

Сабаленка и Кирјос ќе имаат „Битка на половите“ во декември

Светскиот рекет број 1, Арина Сабаленка (Белорусија), објави дека ќе игра егзибициски натпревар против Ник Кирјос (Австралија).

-Се случува. Сабаленка против Кирјос. „Битка на половите“, напиша белоруската тенисерка на социјалните мрежи.

Мечот ќе се одржи во Дубаи на 28 декември 2025 година.

Триесетгодишниот Кирјос моментално е рангиран на 652. место на АТП ранг-листата. Во својот последен натпревар во поединечна конкуренција, тој загуби од Русинот Карен Качанов на Мајами Опен на 21 март. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 2