Connect with us

Сцена

Дејвид Бекам ќе добие витешка титула во замокот Виндзор

Поранешниот фудбалски капитен на Англија, Дејвид Бекам ќе биде меѓу оние што ќе примат почести денеска во замокот Виндзор, каде што ќе добие витешка титула. Имено, 50-годишниот некогашен фудбалер е награден за неговите заслуги во спортот и добротворните настани. Сер Дејвид, по тој повод, изјави дека е неизмерно горд оти е спомнат во почестите за роденденот на кралот.

Спортската ѕвезда од североисточен Лондон го имаше своето деби во Премиер лигата за Манчестер Јунајтед во 1995 година и беше дел од тимот што ја освои драматичната победа во финалето на Лигата на шампионите во 1999., кога го победија Баерн Минхен со два гола во доцната фаза на натпреварот. Вкупно, заводникот на теренот, кој патем, важи и за модна икона, постигна 85 гола, освои шест титули во Премиер лигата, два ФА-купа и неколку други престижни одличја како фудбалер, пред да се пензионира од спортот во 2013 година.

Покрај неговата фудбалска кариера, тој поддржа голем број добротворни настани, а беше и амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ од 2005 година.

Бекам, кој се опишува себеси како „голем ројалист“, лани беше именуван за амбасадор на Кралската фондација – добротворна образовна организација основана од кралското семејство во 1990 година. Бекам се ожени со својата сопруга Викторија во 1999. и со неа има четири деца – Бруклин, Ромео, Круз и Харпер. 

Меѓу оние што ќе бидат почестени се и добитникот на Нобелова награда, романописецот Казуо Ишигуро, и пејачката и глумица од Вест Енд, Елејн Пејџ.

Орденот на Придружниците на честа (Order of the Companions of Honour) е основан во 1917 година од Џорџ Петти. Назначувањата се однесуваат на оние кои дале долгогодишен придонес во уметноста, науката, медицината или владата.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 1