Филм
Објавен трејлерот за „Врисок 7“
Објавен е трејлерот за хорор-филмот „Врисок 7“ (Scream 7) и во него го гледаме сосем новиот „Гоустфејс“ (Ghostface) со многу поразорни и поексплозивни намери, но и Нев Кемпбел повторно, како Сидни Прескот.
Трејлерот доаѓа повеќе од две години по објавувањето на „Врисок 6“ – првиот филм од серијалот каде што Кемпбел не глумеше, поради спор околу платата. Во новиот филм се враќа и Кортни Кокс, а според ИМДБ, учествува и Дејвид Аркет кој, исто така, глумеше во претходните шест филма, но неговиот лик Дјуи беше убиен во последниот филм.
Гласините говорат дека и Метју Лилард, кој се прослави со првиот филм „Врисок“ од 1996 година, наводно, се враќа во седмиот дел од хорор-сагата.
„Врисок 7“ ќе биде првиот филм режиран од Кевин Вилијамсон, кој го напиша сценариото за оригиналниот филм. Претстојното продолжение ќе се прикажува од 27 февруари, следнава 2026 година.
ноември 1, 2025

