Connect with us

Ракомет

Влезниците за дуелот на ракометната репрезентација против Јапонија во Куманово се продаваат за 100 денари

 Ракометната федерација на Македонија (РФМ) денеска соопшти дека цената на влезниците за пријателскиот натпревар што нашите ракометари ќе го играат против Јапонија во Куманово ќе се продаваат по цена од 100 денари. Влезниците ќе се продаваат на online платформата на mktickets.mk.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров денеска имаа собир во рамки на неделата на ЕХФ, а ќе тренираат во Скопје.

Нашата најдобра ракометна репрезентација воедно ќе биде домаќин на Јапонија и на уште еден натпревар што ќе се игра во Скопје на 30.октомври, но овој дуел ќе биде од затворен карактер.

Почетокот на натпреварот во Куманово што ќе се игра на 1.ноември (сабота) е во 16 часот.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 2
Маркетинг