Филм
Финалето на „Почудни нешта“ ќе има премиера в кино на 31 декември
Долгоочекуваната последна епизода на серијата „Почудни нешта“ (Stranger Things) ќе го има своето прво прикажување в кино, и тоа вечерта пред Нова година. Но, обожавателите ќе може да ја погледнат и на 1 јануари 2026 година.
„Прилично сме возбудени што обожавателите ќе имаат можност да ја доживеат последната епизода од ‘Почудни нешта’ в кино – тоа е нешто за коешто сонуваме со години. Да се види на големото платно, со неверојатен звук, слика и просторија полна обожаватели, се чини како нешто совршено. Се извинувам, но ќе се осмелиме да кажеме – ова е начин да се прослави крајот на оваа авантура“, изјавија креаторите на ТВ-серијата, Мет и Рос Дафер.
Стрим-платформата Нетфликс објави вчера дека ќе има проекции во над 350 киносали во САД и Канада за двочасовното финале – насловено „Вистинската страна нагоре“ (The Rightside Up). Ова е првпат, воопшто, ТВ-епизода во продукција на Нетфликс да се прикажува во кино, објави „Варајети“ (Variety).
„Последната битка се заканува – а со неа, и темнината помоќна и посмртоносна од сè со што (главните ликови) се соочиле досега. За да го завршат овој кошмар, ќе им требаат сите – целата група да застанат заедно. Уште еднаш, за последен пат!“, се вели во описот на последната епизода.
Претпоследните 2 епизоди првпат ќе се прикажуваат на 26 ноември.
октомври 25, 2025

