Формула 1
Хамилтон прв со +5.000 бодови во Формула 1

Седумкратниот светски шампион и возач на Ферари, Луис Хамилтон ја достигна границата од 5.000 бода во светскиот шампионат во Формула 1.
Ова се случи по синоќешната трка возена во Остин за Големата награда на САД.
Хамилтон во Остин заврши на четвртата позиција.
Најблискиот гонител на Хамилтон, возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, има 3.329,5 поени. Четирикратниот светски шампион Себастијан Фетел (3.098) ги заокружува првите тројца по вкупен број освоени бодови во кариерата.
октомври 21, 2025